„ Во моментов интелигентен систем за поддршка на донесување одлуки е во тест-употреба во Челјабинската област на границата со Казахстан, се подготвува за прелиминарни тестови на Далечниот Исток и Југот на Русија“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на ОПК.
Од корпорацијата објаснија дека системот автоматски ќе работи со видеокамери, инфрацрвени и сеизмички сензори, радарски станици и беспилотни летала кои ќе регистрираат нарушувања. Покрај тоа, со помош на вградена вештачка интелигенција системот е способен да предвидува такви ситуации, изготвувајќи готови предлози за заштита на границата.
„Системот во целост се базира на домашни софтверски решенија кои гарантираат заштита на информатичките ресурси од протекување на податоци, хакерски напади и други попречувања однадвор“, ги цитира прес-службата збороите на заменик-директорот на ОПК Сергеј Скоков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче