„Ако ги анализираме податоците за односот на силите меѓу Русија и НАТО на западниот фронт, брзината на засилувањето на воената активност до нашите граници, димензиите на „пополнување“ на воената техника, ако го процениме степенот на демонизација на Русија, тогаш можеме да кажеме дека се работи за подготовка на реална војна. Затоа што вакви активности обично се вршат пред почеток на војна“, изјави претседателот на Центарот за геополитичка анализа генерал-полковник Леонид Ивашов во интервју за весникот „Комсомолскаја правда“.
Стручњакот објаснува дека главна цел на САД е да предизвика судир на Европа и Турција со Русија и на тој начин да го спречи препородот на Русија.
„За Америка е од стратешка важност да го спречи препородот на Русија. Затоа што Русија не само што станува самостојна држава, туку и светски геополитички фактор. Дури би рекол, ден од геополитичките центри на светот“, вели Ивашов.
НАТО ги објаснува своите потези со тоа што Русија наводно сака да ги заземе Полска и балтичките земји, вели експертот. „Но тоа е најголемата глупост! За да се реализира успешно инвазијата, потребно е да се имаат барем трипати посилни сили. А што правиме ние? Формацијата на НАТО во Европа според сите главни ставки, дури и според тактичкото нуклеарно оружје, денеска нѐ надминува сѐ повеќе и повеќе. Кој кого, значи, се подготвува да нападне?“
Тој тврди дека НАТО не се подготвува само за конфликт, туку за нуклеарен конфликт. „А тука, се разбира, Европејците не се главните играчи. Главен играч се Американците. А освен целта да ја запрат Русија, тие имаат уште една цел: да не ѝ дозолат на Европа да се ослободи од контролата на САД“.
Експертот смета дека Америка планира да предизвика некаква провокација, да организира инцидент кој потоа ќе прерасне во голем конфликт. „Тие очигледно веќе „моделираат“ таква провокација. Гледаме како авионите или бродовите на НАТО ту се се доближуваат до нашите граници, ту Турците соборуваат наш авион... Погледнете ги само овластувањата на командантот на НАТО силите во Европа. Во случај на „ненадеен напад“ не му е потребно никакво советување, самиот тој може да издаде наредба за „одбивање на агресијата“. А тие можат да измислат секаква „агресија“.
На прашањето како Русија би требало да реагира на подготовките на НАТО за судир, Ивашов одговара дека треба да се испитаат можностите на сценариото за иден конфликт.
„Треба да се дејствува брзо. Но без паника, без брзање. Треба да се прави спротивно на она што го правевме последните 25 години. Ние се разоружувавме. А сега мораме да ги јакнеме и мускулите и мозочните бразди. При што, пред сѐ, треба да ги јакнеме нашите сили покрај бреговите на САД. Нашите авиони и подморници патролираат таму. Но тоа не е доволно. Треба да се договориме со земјите од Латинска Америка да отвориме бази таму“.
Тој смета дека во случај на судир Русија не треба да ги напаѓа американските воени објекти, туку центрите во кои се наоѓа командата на НАТО и банкарите. „Американските Федерални резерви треба да бидат првата цел, затоа што таму е наоѓаат оние кои се нарачатели на идната војна“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче