Со таков верен сојузник во составот на ЕУ како Велика Британија или без таков, САД во секој случај ќе ја задржат контролата над Европската унија. Вакво мислење искажа во ексклузивно интервју за „Царград“ директорот на Рускиот институт за стратешки истражувања (РИСИ) Леонид Решетников.
„Ми се чини дека САД засега нема од што да се плашат, дури и ако сегашната ситуација заврши со реално излегување на Велика Британија од ЕУ“, изјави тој. „Тие се надеваат дека Европа, откако ќе остане без толку моќна земја како Велика Британија, едноставно ќе се исплаши“.
Директорот на РИСИ ја отфрла претпоставката дека САД, кои упорно ја потчинија ЕУ политички и економски, ќе може да се насочат на раскол со Европа. „ЕУ со Англија се доволно моќна сила во светскиот поредок која дури и претендираше едно време да стане конкуренција на САД. А ако излегувањето на Велика Британија се случи фактички, тогаш такви претензии повеќе нема да има“.
Згора на тоа, истакна Решетников, ЕУ, ослабена со заминувањето на моќната британска економија ќе треба на некого да се потпира – пред сѐ економски. Според тоа, САД добива дури и поголемо поле за маневар од порано.
„Фактички Европа излегува ослабена, а САД дури и добиваат поголема слобода во рацете за да ловат таму риба во матна вода“, смета Леонид Решетников. „Штом сега сте слаби, тогаш ние ќе ви „помагаме“ – во наводници, се разбира. Американците имаат таква игра: не да бидат сосем во загуба, но таква, која им дава можност и во оваа ситуација да дојдат до своја полза“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче