Претседателот на Русија Владимир Путин денеска го потпиша указот за продолжување на контрасанкциите од 6 август 2016 година до 31 декември 2017 година. „Со цел заштита на државните интереси на РФ и во согласност со законите „За специјални економски мерки“ и „За безбедност“ наложувам да се продолжи од 6 август 2016 година до 31 декември 2017 година важноста на одделни специјални мерки, предвидени со указот на претседателот од 24 јуни 2014 година и продолжени со указот од 24 јуни 2015 година“, се вели во документот објавен на официјалниот портал за правни информации.
Руските контрасанкции беа воведени како одговор на санкциите од страна на Западот поради ситуацијата во Украина во 2014 година и влегувањето на Крим во состав на Русија, пишува „Комерсант“.
На крајот на мај оваа година премиерот Дмитриј Медведев на средба со членовите со Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи изјави дека владата на Русија има намера да го продолжи до крајот на 2017 година производственото ембарго против земјите кои воведоа или се приклучија на санкциите против Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче