Претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство до турскиот народ во врска со терористичкиот напад на меѓународниот аеродром „Ататурк” во Истанбул во кој, според последните податоци, загинаа 36 лица.
„Жалиме и сочувствуваме со жртвите на терористичкиот напад што се случи вчера“, изјави Путин во обраќањето до руските и германските ученици кои учествуваа на средбата посветена на споменот на Втората светска војна, пренесува „Взгљад”.
Во разговорот со младите Путин истакна дека токму ваквите средби „создаваат клима во која не е можни да се случуваат такви ужасни нешта“ како што е терористичкиот напад во Турција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче