Западните медиуми различно го оценуваат извинувањето на турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган до претседателот на Русија Владимир Путин, нарекувајќи ја оваа постапка како обид на Турција да се извлече од изолацијата и како геополитичка сметка.
Некои медиуми сметаат дека Ердоган во текот на изминатите неколку години ја довел Турција до ситуација на непрокламирана меѓународна изолација и дека извинувањата до Русија се обид да се ублажи меѓународната затегнатост која Анкара самата ја предизвика, пренесува „Взгљад”.
„Вашингтон Пост“ пишува дека „еден од најавторитарните лидери во регионот“ сепак почнал да ги решава надворешнополитичките конфликти кои се натрупаа во последно време.
Ваквиот потег на Ердоган е самиот по себе „значаен настан” и Турција се обидува да ја „надмине изолацијата“, пишува „Атлантик“.
Покрај тоа, многу аналитичари истакнуваат дека Ердоган се решил да ѝ се извини на Москва воден од „геополитичка сметка“, бидејќи Русија е важен фактор во современите меѓународни политички процеси, вклучувајќи го регулирањето на сирискиот граѓански конфликт во кој турскиот претседател има свои интереси.
„Ако на светов постои нешто што Ердоган мрази повеќе отколку кога го навредуваат, тогаш тоа е извинувањето до кого било за своите постапки. Активните потези на Ердоган за подобрување на односите со Кремљ се случуваат во контекст на сѐ поголемите закани за безбедноста на Блискиот Исток од страна на ИД”, пишува „Форин Полиси“.
Одлуката на Ердоган да ѝ излезе во пресрет на Москва „Форин Полиси“ ја објаснува со тоа што врските на Анкара со европските земји слабеат, што дополнително ја изолира Турција од учество во меѓународните процеси. Како пример весникот го наведува неодамнешното признавање на геноцидот над Ерменците од страна на Германија.
„Ал Џезира“ пишува дека за турскиот лидер „добивката од нормализацијата на односите со Русија“ би можела да биде поголема од „понижувањето при извинувањето“.
Уште една причина за извинувањето на Турција новинарите гледаат во значителното влијание на руските санкции кои Москва ѝ ги воведе на Турција по инцидентот со соборувањето на Су-24.
„Укинувањето на штетните рестриктивни мерки е од принципиелна важност за Ердоган, кој е под притисок во својата земја и надвор од неа“, пишува „Фокс Њуз“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче