Анкара е подготвена да ѝ ја надомести на Москва штетата за соборениот бомбардер Су-24, изјави премиерот на Турција Турции Бинали Јилдирим.
Еден од чекорите кој Москва го сметаше за неопходен за нормализација на билатералните односи со Анкара, покрај извинувањето, е и компензацијата за нанесената штета.
„Содржината на писмото е јасна. Ние го изразивме нашето жалење и по потреба ќе платиме компензација (за соборениот авион). Двете страни сакаат нормализација на односите. Мислам дека работите се во насока на поправање“, изјави Јилдирим во програмата на телевизијата ТРТ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче