Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во своето писмо до Владимир Путин направи многу важен чекор за подобрување на односите, но потребно е и следново: проблемот нема да се реши за неколку дена, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Навистина беше добиено писмо од претседателот на Турција Ердоган. Беше направен многу важен чекор во насока на нормализација на односите. Знаете дека руската страна и претседателот Путин држеа многу континуиран став. Претседателот Путин повеќепати зборуваше за желбата за одржување на добри односи со Турција и турскиот народ, за безалтернативноста на тие добри односи, како и за потребните услови кои треба да бидат создадени за нивна нормализација“, изјави Песков.
Песков исто така соопшти дека Путин и Ердоган ќе имаат телефонски разговор во среда, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче