Инцидент со руски и американски брод во Средоземното море

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека американскиот разурнувач УСС „Гревјли“ опасно се доближил до рускиот патролен брод (РПБ) „Јарослав Мудриот“ во Средоземното Море на 17 јуни, грубо кршејќи ги на тој начин меѓународните правила, како и руско-американската спогодба.

„На 17 јуни во источниот дел на Средоземното Море американскиот разурнувач „Грејвли“ опасно се доближи до руски воен брод на растојание од 60-70 метри од левата страна и го пресече курсот на движење на РПБ „Јарослав Мудриот“ пред носот на опасно растојание од 180 метри“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на руското Министерство за одбрана.

Притоа рускиот воен брод „пловеше во меѓународни води со постојан курс и брзина и не направи никакво опасно маневрирање во однос на американскиот брод“, истакнува одбранбениот ресор на Русија.

Во врска со овој инцидент, Министерството за одбрана му укажува на Пентагон на „сериозното прекршување од страна на командантот и екипажот на разурнувачот „Грејвли“ на Меѓународните прописи за спречување на судир на пловила... и на руско-американскиот меѓувладин договор во 1972 година „За спречување на инциденти на море и во воздушниот простор над него“.

Како што подоцна изјави првиот заменик-претседател на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич, дејствијата на американскиот разурнувач претставуваат провокација.

„Ова е флагрантен случај – доближувањето на такви бродови на растојание од 180 метри е закана за можен страшен судар, затоа што таму може сѐ да се случи“, изјави Клинцевич.

Видеото од инцидентот можете да го погледнете овде.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња