Шарапова ќе ја помине дисквалификацијата на Харвард

Марија Шарапова се запиша на Школата за бизнис на Универзитетот во Харвард по отстранувањето од натпреварувањата за следните две години.

Руската тенисерка Марија Шарапова ќе ги помине следните две години од дисквалификацијата од турнирите во Школата за бизнис школа на Харвардскиот универзитет. Сепак струката кој таа ја избра останува мистерија.

„Не сум сигурна како се случи ова, сепак здраво, Харвард! Не можам да дочекам да почнам со програмата!“, напиша руската тенисерка на „Твитер“. 

Судот за спортска арбитража (CAS) во моментов ја разгледува жалбата против суспензијата на Шарапова за учество на меѓународни турнири. Според агентот на спортистката, адвокатите на девојката сакаат да добијат намалување на дисквалификацијата од две години на една година.

Универзитетот Харвард е најстарата високообразовна институција во САД. Тој е еден од елитните универзитети во земјата - Ајви лигата. Просечната цена на студирањето е меѓу 56-70.000 долари годишно.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња