„Сите пријави, тужби се поднесени. Сите 67“, изјави Мутко одговорајќи на прашањето дали руските атлетичари поднеле барања за учество во Олимпијадата и тужби во Судот за спортска арбитража, пренесува „Взгљад“.
Истовремено, според зборовите на претседателот на Серуската атлетска федерација (ВФЛА) Дмитриј Шљахтин, тужбата на руските атлетичари во Судот за спортска арбитража сѐ уште не е поднесена, туку ќе биде поднесена од страна на Олимпискиот комитет на Русија откако ќе бидат собрани сите документи од спортистите.
Селекторот на руската репрезентација Јуриј Борзаковски изјави дека руските атлетичари ќе поднесат колективна тужба во Судот за спортска арбитража за да го заштитат своето право за настап на Олимпискиот игри 2016.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче