Мораме да ја зачуваме и зголемиме специфичноста на руската цивилизација, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на конгресот на партијата „Единствена Русија”.
„Сите знаеме дека многу граѓани сѐ уште живеат тешко. Но сите тие се надеваат на вас, веруваат дека вие не само што ќе ја зачувате, туку и ќе ја зголемите онаа уникатна природа, онаа уникатна цивилизација која е скапоцена секому од нас и чие име е Русија. Немојте да ги изневерите нивните очекувања. Немојте да ги измамите“, изјави рускиот претседател обраќајќи им се на членовите на партијата, пренесува „Взгљад”.
Тој истакна дека „на сите ни е потребна силна и самостојна, отворена и успешна Русија, во која секо може да го реализира својот талент, своите можности, во која државата и граѓаните слушаат, се поддржуваат и почитуваат едни со други, а општествената слога, солидарноста и интересите на земјата се наоѓаат над сите несогласувања“.
Путин истакна дека за властите на земјата главна вредност имаат нејзините луѓе, „најобичните граѓани кои живеат во градовите и селата и се носители на јазикот, традицијата и културата“.
Владимир Путин учествува на конгресот на „Единствена Русија” првпат последниве четири години. Тој последен пат учествуваше на конгрес во 2012 година кога ја напушти функцијата претседател на партијата за да ја преземе должноста претседател на земјата.
Претседателот на РФ на 17 јуни го потпиша указот со кој се одредува датумот на одржување на парламентарни избори за 18 септември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче