Министерството за одбрана на РФ одговори на „русофопскиот есеј“ на Бридлав

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков ја коментираше статијата на поранешниот командант на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав за Русија.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков ја коментираше статијата на поранешниот командант на НАТО во Европа генерал Филип Бридлав за Русија, се вели во соопштението за јавноста што го пренесува „Газета.Ru“.

„Публикацијата на неговиот сосем плиток русофопски есеј во магазинот „Надворешни работи“ (Foreign Affairs) е сигурен знак за отсуството на перспективи на генералот во воената служба и скорешното преминување во нов статус – „пензионер од студената војна“, истакна портпаролот на рускиот одбранбен ресор.

Конашенков потсети дека целта на сите овие испади е „да се наговорат даночните обврзници во земјите од НАТО полесно да одвојуваат од своите средства за распоредување и издржување, пред сѐ, на американската војска во Европа“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња