Членките на ЕУ веќе се согласија да ги продолжат санкциите против Москва за уште шест месеци, но некои земји како Италија, Шпанија и Грција веќе бараат нивно ублажување. Велика Британија беше најверниот приврзаник на германската канцеларка Ангела Меркел во ЕУ околу прашањето за рестриктивните мерки против Русија, но сега Меркел го изгуби овој сојузник. И ако пред „Брегзит“ се очекуваше дека претстојниот самит на ЕУ ќе го покаже единство на Западот во однос на клучните прашања, сега тој може да биде дебата за поделбата на ЕУ, се вели во статијата.
„На најсериозен удар се подложени санкциите против Русија. Политиката на санкции ќе биде ослабена, затоа што гласот на Велика Британија не е толку силен како што се надевавме“, цитира изданието поранешен функционер на НАТО и главен научен соработник на консултантската компанија Расмусен Глобал (Rasmussen Global).
“Брегзит“ го направи развојот на ситуацијата во Европа апсолутно непредвидлив. Како што се плашат експертите, поради излегувањето од ЕУ и самата Велика Британија, а и ЕУ ќе бидат помалку заштитени од надворешните закани, особено од тероризмот. Отсуството на заеднички европски буџетски средства војската од Лондон значително ќе ги ослаби одбранбените капацитети. Во исто време, некои европски официјални претставници сметаат дека „Брегзит“ може да придонесе за зајакнување на улогата на НАТО и на зголемувањето на трошоците за одбрана од другите земји, особено од Германија.
Од друга страна, властите на ЕУ, напротив, може да посакаат да спроведуваат политика независно од безбедносната политика на НАТО и да формираат европска армија, пишува во статијата на „Вол Стрит Џурнал“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче