„Ние отсекогаш сме биле отворени за дијалог кога станува збор за изградбата на гасовод преку Црното море до Турција“, изјави Купријанов.
Истовремено, заменик-директорот на Фондот за национална енергетска безбедност на Русија Алексеј Гривач смета дека реализацијата на проектот е и понатаму можна, меѓутоа, единствено по целосната нормализација на односите меѓу двете земји.
„Нормализацијата на односите е неопходен услов за да продолжат преговорите за гасна соработка. Моменталните потези на Анкара се само сигнал дека постои желба за нормализација“, истакна тој.
Преговорите за изградба на „Турски тек“ беа запрени откако Турција собори руски бомбардер Су-24 во ноември минатата година, пишува „Интерфакс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче