Во статијата „Следните чекори на НАТО: Како да комуницираме со Русија и другите закани“ објавена во магазинот „Надворешни работи (Форин Аферс)“, Бридлав раскажува дека откако стапил на функцијата во мај 2013 година, тој открил дека САД и НАТО во Европа се прекрасно опремени, додека војската е лошо подготвена за предизвиците на современоста, особено за „руската агресија“ и за промените поврзани со континуираната нестабилност на Блискиот Исток и во Северна Африка.
„Основата за секоја стратегија во Европа треба да биде свесноста за тоа дека Русија претставува постојана егзистенцијална закана за Соединетите Држави, нивните сојузници и меѓународниот поредок. Русија има намера повторно да стане светска сила – своите амбиции таа ги демонстрираше, на пример, со имитирањето напади од страна на воените авиони врз разурнувачот на САД во Балтичкото море и обновата на летовите на стратешките бомбардери по должината на крајбрежната линија на САД“, смета генералот.
„Згора на тоа, интервенцијата на Русија во Сирија ја демонстрираше желбата на Москва да го прошири своето влијание во странство. Без оглед на растечката милитантност на Русија, ниту САД, ниту нивните сојузници не се адекватно подготвени за брза реакција на отворената воена агресија. И тие не се во доволен степен подготвени да ѝ се спротивстават на хибридната војна која Москва ја водеше на истокот на Украина“, додава генералот.
За подобро да се подготват за овие предизвици, САД треба да се засилат во Европа и да ја прогласат Русија за постојана, глобална закана, резимира Бридлав.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче