„Индустријата работи со полн капацитет и затоа годинава ќе добиеме шест комплети С-400, а ниту следната година нема да се намалува темпото“, изјави Виктор Бондарев во текот на акцијата „Служба по договор - твој избор!“.
Како што нагласи командантот на ВКС РФ, „имаме сѐ за сигурно да ги заштитиме границите на нашиот воздушен простор“.
Бондарев истакна дека системите С-400 „Триумф“ се одликуваат со висока сигурност и ненадминлив квалитет, што е потврдено од работата на системите во војската, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.