Мекфол објасни зошто „Брегзит“ ѝ одговара на Москва

Во текот на последните 30 години Западот се обединуваше, а Истокот се распаѓаше. Сега, по референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ, овој процес стана обратен, смета поранешниот американски амбасадор во Русија Мајкл Мекфол.

Поранешниот амбасадор на САД во Русија Мајкл Мекфол објасни во статија за „Вашингтон Пост“ зошто смета дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ ѝ одговара на Русија.

„Главната причина е тоа што еден од најпринципиелните критичари на руската агресија во Европа веќе нема да има право на глас во Брисел. Тоа е добро за интересите на Путин и лошо за националните интереси на САД”, пишува Мекфол.

Според него, Европа сега ја очекува тест: дали ќе успее да ги задржи санкциите против Русија. Земјите кои сакаат да соработуваат со Русија ги зајакнуваат позициите, а противниците на таквата соработка (како што се балтичките земји) ги ослабнуваат, смета тој.

Покрај тоа „Брегзит“ ќе доведе до зајакнување на евроскептиците кои Мекфол ги вбројува меѓу „пропутинските“ политичари. Тој исто така потсетува на Доналд Трамп кој, според мислењето на Мекфол, е за Кремљ најпосакуваниот кандидат за американски претседател.

„Брегзит“ ја слабее позицијата на „противниците на Путин“ во Украина. Исто така слабее и Велика Британија, најблискиот сојузник на САД кој помогна да се промовираат во ЕУ интересите кои се „заеднички“ за ЕУ и САД, вклучувајќи ги и „неевропските безбедносни прашања“ (Иран и Либија).

Поранешниот амбасадор на САД во Русија напиша дека Путин не го предизвика „Брегзит“, но дека  надворешната политика на рускиот претседател и поставените цели ќе имаат голема корист од резултатите на референдумот.

Како што пишува американскиот политичар, во текот на последните 30 години западот се обединуваше, а Истокот се распаѓаше. Сега, по референдумот за излез на Велика Британија од ЕУ, овој процес стана обратен.

Мекфол истакнува дека, додека Европа слабее, Русија и нејзините сојузници во различни организации примаат нови членки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња