Неодамнешниот инцидент со руски и американски воени авиони во Сирија уште еднаш го поставува прашањето дали страните ќе бидат во можност да избегнат судир во воздух и воена конфронтација, пишува колумнистот на магазинот „Национален Интерес“ Мајкл Пек.
Теоретски, летовите на руската и американската авијација во Сирија не треба да преставуваат проблем – земјите имаат жешка линија, иако сега во однос на воената комуникација тие се неефикасни. Покрај тоа, Москва и Вашингтон „немаат никаква специфична причина за конфликт“. Сириските милитанти немаат авијација и во случај на судир во воздух ниту САД, ниту Русија нема да имаа оправдување дека пилотот помислил дека пред него е авион на ИД, пишува аналитичарот.
Тоа значи дека ако се случи судир во воздух, тоа ќе значи дека Белата куќа одлучила дека заштитата на борците, спонзорирани од неа, од руските воздушни напади вреди за војна. Или Русија одеднаш ќе одлучи да ги брани силите на „Хезболах“ или на Иран. Сепак, и едното и другото се малку веројатни – „правилата на игра“ се дефинирани и им се познати на сите страни, пишува колумнистот.
Русија и САД „водат две различни воздушни кампањи во иста земја“. Москва и Вашингтон имаат исти цели - особено борбата против ИД, но тие поддржуваат апсолутно различни групи во земјата. Згора на тоа, страните имаат долга историја на конфликти и длабоко вкоренети меѓусебна сомневања, истакнува Мајкл Пек.
Според него, сирискиот воздушен простор е премногу мал и за Русија и за САД, и ако двете страни продолжат со воените операции во воздух на долг рок, постојат три можни сценарија: една од страните да ги повлече своите сили од Сирија и да овозможи на другата да ја бомбардира ИД, Русија или САД да се договорат за заедничка команда над сите воздушни операции, и порано или подоцна работата ќе дојде до крвопролевање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче