Премногу сум изненаден и разочаран од декларацијата на Бирото на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Изразувајќи посветеност кон демократијата и дијалогот, денеска овој раководен орган на Собранието со својата одлука ги стави под сомнение“, изјави Климкин, пренесува „Взгљад“.
Министерот истакна дека ПССЕ примени санкции спрема руската делегација „како одговор на агресијата на РФ врз Донбас и окупацијата на Крим“.
„На Русија ѝ беше доставен јасен список со барања и определени се условите под кои одлуката за санкции може да биде ревидирана. Дали Русија ги исполни тие барања? Не. Или ги призна ли Русија своите грешки? Повторно не“, потенцираше тој.
Климкин исто така додаде дека Русија „продолжува демонстративно да ги игнорира апелите на меѓународната заедница за прекин на агресијата против Украина“. Шефот на украинската дипломатија изјави дека апелот на Бирото на ПССЕ за укинување на санкциите и обнова на дијалогот со РФ „го поткопува авторитетот на целото Собрание“.
Претходно Бирото на ПССЕ донесе декларација за потребата од обнова на дијалогот со Федералното собрание на Руската Федерација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче