Слуцки повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Русија

„Се надевам дека под раководство на Леонид Слуцки нашите момчиња се здобија со добро искуство“, истакна претседателот на Рускиот фудбалски сојуз и министер за спорт Виталиј Мутко.

Тренерот на ЦСКА Москва Леонид Слуцки одлучи да се фокусира на работата во клубот и ќе ја напушти фудбалската  репрезентација на Русија. Ова за ТАСС го изјави претседателот на Рускиот фудбалски сојуз (РФС) и министер за спорт Виталиј Мутко.

„Се сретнавме со Леонид Викторович (Слуцки) и детално позборувавме, дискутиравме за резултатите од Европското првенство“, рече Мутко. „Разговаравме за неуспехот. Слуцки е искусен стручњак. Му се заблагодарив за неговата работа, но тој смета дека треба да се фокусира на клубот“.

„Мило ми е што соработувавме со Слуцки“, додаде Мутко. „Ни беше удобно да работиме заедно,  Слуцки направи за руската репрезентација сѐ што можеше. Му благодарам од сѐ  срце, затоа што се најдовме во тешка ситуација и бевме блиску да не се квалификуваме на Европското првенство“.

„Се надевам дека под водство на Леонид Слуцки нашите момци се здобија со добро искуство“, истакна првиот човек на РФС.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња