Русија ѝ подари на Воената морнарица на Египет ракетен чамец со системот „Москит“, изјави за РИА „Новости“ началникот на управата за борбена обука на морнарицата на РФ Виктор Кочемазов.
Тој истакна дека воено-политичкото раководство на Русија на овој начин сака да му помогне на Египет во борбата против тероризмот не само на копно, туку и на море.
Противбродските ракети „Москит“ поставени на ракетен чамец Р-32 имаат низок лет и суперсонична брзина и способност за маневрирање. На тој начин тие се во можност да ги уништуваат системите за противвоздушна одбрана на непријателот.
Според податоците Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија за септември 2014 година, Русија и Египет парафираа договори за оружје во вредност од 3,5 милијарди долари. Според податоците на генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов, со договорите е планирана испорака на лесно оружје, средства за ПВО и артилерија. Исто така, се зборуваше и за заинтересираноста на Египет за купување на партија ловци Миг-35.
Покрај тоа, Русија и Египет планираа да потпишат договор за испорака на дополнителна партија системи за заштита на авијацијата „Президент-С“. Водени се и преговори за палубни хеликоптери Ка-52 со кои ќе бидат опремени носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче