Путин: Русија му дава приоритет на развојот на односите со Кина

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин е во својата 15 посета на Народна Република Кина.

На почетокот на својата посета на Народна Република Кина, претседателот на Руската Федерација Владимир Путин се сретна претседателот на Постојаниот комитет на Секинеското народно собрание на народни претставници Џанг Деѓанг и со кинескиот премиер Ли Кеќанг.

На почетокот на средбата Деѓанг истакна дека ова е веќе 15 посета на Путин на Кина.

„Го споменавте бројот на посети на Народна Република Кина. Тоа, секако, зборува дека Русија му придава приоритетно значење на развојот на односите со Кина“, истакна во својот говор претседателот на Русија.

Според Путин, во структурата на билатералните односи „зазема важно место и парламентарната димензија“. „Сметам дека е многу важно што денешната посета започнува токму со нашиот разговор со Вас“, заклучи рускиот лидер.

На средбата со премиерот на Кина Ли Кеќанг Путин изјави дека односите меѓу Русија и Кина имаат добра основа за успешен развој и се градат врз основа на меѓусебните интереси.

Рускиот лидер истакна дека во основата на билатералните односи лежи економијата, сепак врз таа основа се гради партнерството и во други области - во меѓународни рамки, во областа на културата и образованието.

„Но, практично на еден или друг начин сѐ има економска основа“, потенцираше Путин. Тој го пофали вниманието на кинеските колеги во оваа област. „Ние знаеме колку е сложена работата во различни сфери, какви напори бараат развојот на конкретни проекти, координацијата на ставовите, барањето баланс на интереси. А ние секогаш ги градиме нашите односи земајќи ги предвид интересите на едни со други и тоа ни успева“, рече претседателот на Русија.

Од руска страна во разговорите во Пекинг учествуваат шефот на администрацијата на Кремљ Сергеј Иванов, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, првиот вицепремиер Игор Шувалов, вицепремиерите Олга Голодец и Дмитриј Рогозин, претседателскиот претставник за Далечниот Исток вицепремиерот Јуриј Трутнец, помошникот на претседателот Јуриј Ушаков и неколку министри.

Во текот на својата официјална посета на Кина претседателот Путин исто така ќе се сретне со лидерот на Кина Си Ѓинпин. Преговорите ќе резултираат со потпишување на повеќе од 50 документи, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња