Приказната за дружбата меѓу јарецот Тимур и тигарот Амур се покажа лажна

Приказната за пријателството меѓу јарецот Тимур и тигаор Амур се покажа како добра ПР сторија.

Поранешниот портпарол на Приморскиот сафари-парк Евгенија Патановскаја изјави дека тигарот Амур и јарецот Тимур не се навистина пријатели. Според неа, јарецот по грешка бил доведен кај ситиот тигар, а кога грабливецот не го изел, портпаролката предложила да се направи од тоа приказна.

„Тигарот Амур едноставно не сакаше да го јаде јарецот Тимур, бидејќи не беше гладен. А штом не сакаше да го јаде, ги замолив вработените во паркот да го нахранат Амур за да не го изеде Тимур. Така тоа траеше два месеци. Го нарековме сето тоа „дружба“ меѓу тигар и коза, макар што тигарот едноставно  беше најаден, а како што е познато, тигар кој не е во дивина, не прави резерви на храна за себе“,  ја цитира „Медиаликс“ Патановскаја.

Поранешниот портпарол исто така додаде дека дала отказ од паркот поради конфликт со директорот.

„Директорот Дмитриј Мезенцев некоретно се однесе, продавајќи ја мојата идеја за негова - всушност, јас и не се обидував да излезам на прв план во оваа приказна, но тој почна да реагира неадекватно на моето присуство во паркот. Кога заминав, Амур му го скрши ’рбетот на Тимур, така што козата сега ја оперираа“, додаде Патановскаја.

Историјата на пријателството меѓу јарецот Тимур и тигарот Амур беше вистински хит неколку месеци: животните беа толку популарни што администрацијата вршеше пренос во живо од нивниот заеднички живот, пишува „Јод“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња