„Нашата воена авијација според својата намена, огнената моќ и опсегот на борбена примена треба да стане сила која заедно со другите компоненти на одбраната ќе го обезбеди одвраќањето на агресивните амбиции на Русија, да биде способна да нанесе адекватен удар на секој агресор“, изјави Порошенко во текот на говорот на свечената церемонија на врачување на дипломите во Харковскиот универзитет за воздушни сили „Иван Кожедуб“.
Годинава за обнова на техниката се издвоени 2,5 милијарди гривни, се вели на сајтот на претседателот на Украина.
„Тоа ќе ѝ овозможи на војската да добие од ремонт околу 50 летала со обновен борбен капацитет: 35 авиони, а остатокот хеликоптери“, рече Порошенко.
Претседателот на Украина додаде дека се планира и пополнување на авијацискиот парк на украинската армија, пренесува „Взгљад“.
Фэллон: Брексит не помешает
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче