„Се чини, познатата фраза на Викторија Нуланд за Европската унија во телефонскиот разговор со американскиот амбасадор во Украина во 2014 година се покажа како долгорочна цел.
Тоа е... Уште неколку години откажување од суверенитетот во донесувањето самостојни одлуки во меѓународните односи и спроведување на политиката за санкции – и ЕУ ќе создаде предуслови за такви референдуми на својата територија.
Нам веќе успеа да ни го „честита“ „Брегзит“ сеприсутниот Михаил Мекфол, другари кои искрено веруваат дека и Мртвото Море го убила Русија. Со тоа, оние кои се во можност самостојно да размислуваат и анализираат, би сакала да ги потсетам дека последниве неколку години Брисел и Лондон излегуваа исклучително во пресрет на американската политика. Патем, кога Европа ја слушаше Русија (како, на пример, за прашањето за неприфатливоста на инвазијата врз Ирак или безалтернативноста за политичко решение на иранската нуклеарна програма), таа само добиваше, обелувајќи си го, за разлика од оние кои безволно го слушаа Вашингтон, образот.
Изненадуваат оцените за првичните резултати од референдумот кои се слушнаа од устите на претставниците на официјален Лондон. Без оглед на тоа што тоа е внатрешно прашање на Велика Британија (не се уморуваме од кажувањето на ова) и што поданиците испратија јасен сигнал за она што тие мислат за политиката во последниве години, министерот за надворешни работи Хамонд фактички откако му плукна в лице на сопствениот народ, во утринските часови „изрази надеж дека „Брегзит“ нема да го омекне режимот на санкции против Русија“. How smart! (Колку паметно! – заб. на ред.)
Излегува интересна приказна. Политичкиот естаблишмент на Велика Британија, ревносен лобист на политиката на ЕУ на антируски санкции (штом Хамонд проговори за нив во контекст на својот референдум), ги доведе Европејците до ништо, а сега, сакајќи да ја симне од себе целата одговорност, рече нешто како: „Вечерата беше успешна, ние си одиме, а сметката ќе ја платат Европејците“.
Нас никогаш нема да не остават на мир, затоа што тоа е секогаш така. Но, господа, ме може толку јавно да ги прикривате со зборот „Русија“ своите грешки!
А сега совет до англиската политичка елита: обидете се да почнете да ги почитувате Британците макар со иста мера со која одлуките на вашиот народ ги почитува Русија, не мешајќи се во внатрешните работи на Велика Британија.
Во целина, нема да ме изненади ако наместо термини за одделни земји од типот „Grexit“ и „Brexit“ наскоро се појави универзален поим „Whoexit?“ (©)“, напиша Захарова на својот профил на „Фејсбук“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче