Обединетата корпорација за производство на мотори почна со производство на моторот TВ7-117В за најновиот транспортно-десантен хеликоптер Ми-38, како и за борбените хеликоптери Ка-52 и Ми-28. Претходно за овие летала се користеа мотори на украинската фабрика „Мотор Сич“.
Одлуката за создавање сопствена технологија беше донесена по воведувањето на санкциите на САД и ЕУ и комплетниот прекин на воено-техничката соработка меѓу Русија и Украина во 2014 година. Првично беше планирано да се опремат најновите Ми-38 со мотори од компанијата „Прат и Витни“ (Pratt & Whitney) за испорака на европските и американските партнери на Русија.
Хеликоптерот може да извршува транспортно-десантни задачи за вооружените сили, за компаниите за производство на нафта и гас и за службите за потрага и спасување во текот на нивната работа. Холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолеты России) веќе доби пакет нарачки од Министерството за одбрана на Руската Федерација и комерцијалните структури за производство на новиот мотор.
Како што изјави за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на „Известија“ Дмитриј Сафонов, моторот TВ7-117В овозможува да се осигура безбедноста на летот за време на операции во секакви климатски услови. „Тој може да развие моќност од 2800 до 3750 коњски сили, во зависност од наведениот режим на работа. Конструкторската компанија во моментов произведува околу 200 модификации на моторот за различни модели на хеликоптери и авиони“, изјави експертот.
Според Сафонов, агрегатот може да се искористи и за други хеликоптери со маса од 15 тони.
Видео од летот на Ми-38 со новиот мотор TВ7-117В можете да го погледнете овде.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче