Путин: Ќе се потрудиме Брегзит да има помало влијание врз руската економија

Рускиот претседател изјави дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ сигурно ќе влијае негативно на глобалниот пазар, но очекува дека ова влијание брзо ќе биде неутрализирано.

Руските власти ќе ги анализираат последиците од референдумот во Велика Британија и одлуките кои ќе следат во врска со постапката за излегување на оваа земја од ЕУ, изјави претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. Тој додаде дека руската влада ќе се потруди да го минимизира негативното влијание на излегувањето на Велика Британија од ЕУ врз руската економија.

Во четвртокот во Велика Британија е одржан референдум за членство во ЕУ. Според официјалните податоци, за излегување од ЕУ гласаа 51,9% од Британците.

„Судејќи според сѐ, сега ќе следат некакви формални процедури поврзани со одлуката на Британците да ја напуштат Европската унија. Ние внимателно ќе го следиме тоа, анализираме, трудејќи се минимизираме секакво негативно влијание врз нашата економија... Гледаме дека, ако сега тоа се одрази негативно врз пазарот, валутите, тогаш неизбежно ќе се одрази и веќе може да се види на берзанските квоти, што значи дека ќе влијае на цените на сите производи, но јас сум убеден дека тоа влијание во најскоро време ќе биде неутрализирано“, изјави Путин по самитот на Шангајската организација за соработка, пренесува РИА „Новости”.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња