Путин: Индија и Пакистан може да станат членки на ШОС во 2017

Лидерите на Шангајската организација за соработка (ШОС) ги потпишаа меморандумите за обврските на Индија и Пакистан за зачленување во ШОС.

Лидерите на Шангајската организација за соработка официјално го одобрија Меморандумот за обврските на Индија да стане членка на ШОС, соопштува „Интерфакс“. Сличен документ беше потпишан и за Пакистан.

Процесот на пристапување од страна на Индија и Пакистан беше објавен на самитот на ШОС во Уфа во јули 2015 година.

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов изјави во петокот дека преговорите за пристапување на Индија и Пакистан на Шангајската организација за соработка (ШОС) се „комплицирани“.

„Нема да кријам, процесот на преговори (за прием на Индија и Пакистан) имаше прилично тешко и комплицирана природа. Тоа треба да се прифати. Но, барем успеавме во надминувањето на сите проблеми и постигнување единствено мислење, придржувајќи се до заедничките стратешки цели и задачи на ШОС“, изјави Каримов.

Говорејќи на самитот на ШОС во Ташкент во петокот, 24 јуни, рускиот претседател Путин изјави дека Њу Делхи и Исламабад „мора да ги исполнат сите обврски за да добијат статус на земји-членки“.

Рускиот лидер изјави дека се надева дека двете земји ќе напредуваат кон полноправно членство до следниот самит на ШОС што ќе се одржи во јуни 2017 година.

Путин исто така рече дека повеќе нема пречки што ќе спречат Иран да ѝ се придружи на групата.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња