„Денешните настани се голема победа за надворешната политика на Путин. Треба да му се признае“, ја пренесува РТ на руски неговата објава на „Твитер“ и додава: „Путин не е причина за исходот, туку само има корист од тоа“.
Путин минатата недела одби да коментира го коментира прашањето за можен излез на Велика Британија од ЕУ и го нарече тоа работа на граѓаните на Обединетото Кралство. Во врска со тоа, тој потсети на настанатите тенденции на Запад да се обвинува Русија во најразлични случаи, без да се земе во предвид реалната ситуација.
„Некаков руски заговор смислиле тука. Еден мој пријател од Германија рече дека имало кај него поплава и се создал впечаток дека си виновен и за поплавата... Ми се чини дека тоа не е многу пристојно –Русија да се обвинува за секаков проблем и од неа да се прави плашило“, изјави шефот на руската држава.
Путин притоа истакна дека Русија сака да води дијалог со силна Европа, затоа што разговорите со послаб партнер се „поскапи“.
Поддржувачите на излезот на Велика Британија од Европската унија победија на референдумот што се одржа во четвртокот, како што беше потврдено од страна на конечните резултати објавени по обработката на гласачките ливчиња од сите 382 избирачки места. 52% од Британците (17,41 милиони луѓе) гласаа за престанок на членството на Велика Британија во ЕУ, 48% (16,14 милиони луѓе) се за продолжување на европската интеграција, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче