Медиуми: Италија го кочи продолжувањето на санкциите против Русија

Официјален Рим, според „Радио Слободна Европа“, инсистира на тоа дека резолуцијата за санкциите да содржи точка за можноста за ревидирање на крајот на 2016 година на политиката во однос на Русија.

Одлуката за продолжување на санкциите на ЕУ против Русија е повторно одложена, овојпат поради позицијата на Италија, соопштува „Радио Слободна Европа“  повикувајќи се на свои извори во ЕУ.

Официјален Рим, според радио станицата, инсистира на тоа дека резолуцијата за санкциите да содржи точка за можноста за ревидирање на крајот на 2016 година на политиката во однос на Русија. Условот е даден „во последен момент“.

Ваквиот став на Италија, како што истакнаа изворите на радиото, значи дека конечната одлука, најверојатно, ќе биде донесена само на состанокот на лидерите на земјите-членки на Европската унија на крајот на јуни.

Претходно претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека прашањето за продолжување на санкциите е веќе решено, но во рок од шест месеци ограничувања можат да бидат ослабени, пренесува РИА „Новости“.

 

 


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња