Лавров потенцираше дека тој „не се здобил со медицинско образование“. „Затоа не коментирам медицински случаи“, пренесува „Взгљад“.
Рускиот министер исто така го нарече внатрешна работа на Велика Британија исходот од референдумот за членство во ЕУ. „Тоа е внатрешна работа на англискиот народ“, изјави тој.
„Постојат аритметички податоци од референдумот, тоа е волјата на народот на Велика Британија. Одлучете самите“, додаде министерот на барањето за мислење чија победа е резултатот од референдумот.
Како што изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија Филип Хамонд, претседателот на Русија ќе се „израдува“ поради тоа што Британците изгласаа излегување од Европската унија и поради идните можности за омекнување на антируските санкции од страна на ЕУ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче