Имајќи ги предвид строгите критериуми за селекција, само еден руски атлетичар засега може да ја помине предвидената процедура за разгледување на пријавите за учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, изјави Себастијан Коу, шеф на Меѓународната атлетска федерација ИААФ.
Меѓународната атлетска федерација ја потврди суспензијата на Серускиот атлетски сојуз и на руските атлетичари за Олимпијадата во Рио де Жанеиро на 17 јуни. Потоа Меѓународниот олимписки комитет им препорача на меѓународните федерации да донесат свои одлуки за учество на секој спортист поединечно, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче