Железњак: На Балканот му треба договор за колективна безбедност

er-duma.ru
Заменик-претседателот на Државната дума, заменик-секретар на Генералнот совет на „Единствена Русија“ Сергеј Железњак даде изјава по повод Обраќањето на Државната дума до парламентарните држави-членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор, Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Народното собрание на Република Србија, Собранието на Црна Гора, Парламентарната асамблеја на Босна и Херцеговина и Собранието на Република Македонија.

„Историското сеќавање и лекциите од најстрашната во историјата на човештвото мината војна денеска нѐ обединуваат и нѐ охрабруваат да преземеме активни напори насочени кон зачувување на мирот. Но, на мое длабоко жалење, морам да констатирам дека сегашните дејствија на САД и нивните сојузници во НАТО во комбинација со агресивната реторика против Руската Федерација веќе создадоа конфронтирачка ситуација. А однесувањето на некои политичари од земјите-членки и кандидатите во НАТО под покровителство на „јастребите“ во бирократскиот апарат на овој воен блок отворено се насочени кон почнување нова „студена војна“. Затоа, директен дијалог во рамките на меѓупарламентарната и меѓупартиската соработка во насока на надминување на опасните тенденции на воено-политичката конфронтација во моментов е неопходен и потребен“, изјави Железњак.

Во однос на можните насоки на политичкиот дијалог со своите странски колеги, парламентарецот истакна дека „најважна стратешка насока на нашата соработка треба да биде создавање на поволни политички услови за нов европски договор за колективна безбедност, кој би инкорпорирал одредби за конвенционалните вооружени сили во Европа, територијалните зони за присуство на воените блокови и би содржел релевантни точки за државите кои избрале или сакаат да изберат политика на воена неутралност. за Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, како и за Македонија меѓународен воено-политички консензус би обезбедил гаранции за суверенитетот и територијалниот интегритет на овие држави“.

Втора важна насока за меѓународната политичка соработка, според заменик-претседателот  на Думата, „треба да биде дискусијата за подготовка на нов глобален мултилатерален договор за ограничувања во сферата на ПРО. Барањето консензус на државите, кои ја имаат или распоредуваат на своја територија н наведената класа оружје сега станува еден од приоритетите во обезбедувањето на меѓународната безбедност“.

„По четириесет и четири години по потпишувањето во 1972 година на првиот договор за ограничување на стратешкото оружје (СТАРТ) и системите за противракетна одбрана (ПРО), кои му го компензираа на светот почетокот на ерата на попуштање, пред сегашната генерација политичари лежи не помалку одговорна задача. Неопходно е да се преземат сите неопходни и должни напори за логиката на конфронтација и почнувањето на нова „студена војна“ да не ги налути нашите срца, ставајќи го под закана мирот, здобиен по  толку голема цена“, заклучи Железњак.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.