„Убиецот на подморници“ Ми-14 ќе се опреми со бомбите „Загон 2“

Научно-истражувачкиот инженерски институт (НИИИ) работи на приспособување на авионската противподморничка бомба „Загон 2“ за хеликоптерите Ми-14, соопшти директорот на концернот „Техмаш“ Сергеј Русаков.

Како што беше соопштено, Министерството за одбрана на Русија ја разгледува можноста за обнова на производството на противподморничкиот хеликоптер Ми-14 кој го доби прекарот „убиец на подморници“.

„Институтот изработи коригирана противподморничка авионска бомба „Загон 2“. Бомбата е наменета за примена од хеликоптерите Ка-27 и е ставена во сериско производство. Во моментов се работи во делот за употреба на овие бомби за други хеликоптери. Меѓу нив и Ми-14“, изјави Русаков, пренесува „Взгљад“.

Создаден во 1960-те години хеликоптерот-амфибија Ми-14 можеше да носи атомска бомба способна да уништи подморници практично во радиус од еден километар. Во последните години од студената војна Ми-14 „ се прослави“ откако успешно погоди западна подморница (веројатно, американска) во советските територијални води.

Во 1980-те производството на хеликоптерот беше запрено, а во  1996 година Русија ги отстрани од своето вооружување сите противподморнички хеликоптери Ми-14 – се претпоставува под притисок на САД.

Ако производството на хеликоптерот се обнови, новиот Ми-14 ќе се произведува во Казањскиот хеликоптерски завод. Модернизираната верзија ќе биде опремена со нови мотори, современа електронска опрема и подобрен систем за наведување. Хеликоптерот ќе биде во можност да остане подолго во воздухот и подобро да остане на вода.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња