Русија втор извозник на нафта во Турција

Русија стана втора земја според обемот на извоз на нафта во Турција во минатата година со вкупен обем од над 7 милиони тони.

Како што соопштува иранската новинска агенција ИРНА, Турција увезла од Русија во 2015 година над 3 милиони дизел гориво.

Трет по големина извозник во Турција е Иран, со обем на извоз од 5,6 милиони тони. Севкупно изминатата година Турција остварила увоз од над 39 милиони тони нафта и нафтени деривати, од кои 25 милиони отпаѓаат на нафта.

Најмногу нафта Турција купила од Ирак – 11,4 милиони тони, пренесува РТ на руски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња