Премиерот на Канада ќе ја „задржи цврстината“ во односите со Русија

Претходно беше објавено дека Канада, заедно со САД, Велика Британија и Германија може да испрати еден баталјон од своите вооружени сили во рамките на распоредувањето на силите на НАТО во прибалтичките земји и во Полска.

Премиерот на Канада Џастин Трудо изјави дека при обидите за обнова на односите со Русија ќе ја задржи цврстината, пренесува агенцијата „Франс Прес“.

„Ние, реално, сме загрижени по повод Русија и нејзините дејствија и ќе бидеме внимателни и цврсти каков што сум бил секогаш“, изјави премиерот на прес-конференција во Отава.

Претседателот на Русија Владимир Путин, настапувајќи на Петербуршкиот економски форум, изјави дека односите меѓу земјите добија шанса за обнова по доаѓањето на власт во Канада на новиот премиер Џастин Трудо. Според зборовите на рускиот лидер, за тоа се потребни возвратни чекори од страна на Москва и Отава.

Претходно беше објавено дека Канада, заедно со САД, Велика Британија и Германија може да испрати еден баталјон од своите вооружени сили во рамките на распоредувањето на силите на НАТО во прибалтичките земји и во Полска, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња