МОК: Руските атлетичари на ОИ-2016 ќе настапуваат под знамето на Русија

Руските атлетичари ќе можат да настапуваат под знамето на својата земја на Олимписките игри во Рио.

Прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) изјави дека руските атлетичари, во случај да им биде дозволен настап на Игрите, ќе настапуваат под руско знаме.

„На Олимписките игри сите руски спортисти, вклучително и атлетичарите кои ќе ги пушти ИААФ, ќе бидат од ОКР (Олимпискиот комитет на Русија). На тој начин тие ќе настапуваат под знамето на Русија“, соопшти прес-службата на МОК, пренесува „Спортс.ру“.

Претходно Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) соопшти дека смета дека руските атлетичари треба да настапуваат на меѓународните натпревари под неутрално знаме. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња