Претходно информативната агенција „Амак“ под контрола на ИД, повеќе украински сајтови и лондонската „Опсерваторија за човекови права во Сирија“ објавија соопштенија и фотографии од руски војници кои наводно загинале во сириската провинција Рака.
„Сите војници чии фотографии беа објавени од терористичката група ИДИЛ, нивните украински „пријатели“, како и лондонската „Опсерваторија за човекови права во Сирија“ се иви, здрави и се наоѓаат на располагање на своите единици“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.
Тој истакна дека фотографиите биле добиени од телефон украден на територијата на Русија.
„Единственото прашање што си го поставуваме е на кој начин наведените фотографии истовремено се појавија на сајтот на ИДИЛ и екипата украински пропагандисти-мразачи на Русија“, заклучи портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.