Медиум:Стејт департментот сака напади на Сирија по „југословенско сценарио“

Во писмото упатено до раководството на ресорот вработените во американскиот Стејт департмент бараат во Сирија да се извршат напади врз владините сили според „југословенското сценарио“, пишува „Њујорк Тајмс“ повикувајќи се на текстот на документот.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби го потврди постоењето на писмото, но не зборуваше за детали.

Американските чиновници сметаат дека САД со цел прекин на граѓанската војна и борбата против „Исламската држава“ треба да користат „оружје со далечен дострел“ и „оружје од воздух“. Под овој поим тие подразбираат крстосувачки ракети кои можат да се лансираат на голема далечина, на што војската на Асад нема да може да одговори. Таквите ракети ги користеше НАТО во текот на воената операција во Југославија во 1999 година. Станува збор за тактика која ја натера власта да започне политички дијалог кој е завршен со прогласување на независност на Косово. Освен тоа, се предлага и создавање зона за забранети летови во Сирија.

„Њујорк Тајмс“  нагласува дека таквата стратегија е опасна, затоа што може да доведе до тоа разединетите опозициски групи да започнат борба за освојување на власта во таа земја. Како што се нагласува, во писмото не се споменуваат важни прашања чие решавање би морало да доведе до завршување на конфликтот во Сирија, како што е отстранувањето на длабоките несогласувања дури и меѓу сојузниците за тоа како треба да изгледа мировниот договор и како Башар Асад да се тргне од претседателската функција, а тоа да не доведе до пад на сириската влада, пренесува „Комерсант“.  

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња