„Ние и литванската страна работиме на обука на новинари. Во своите програми вклучуваме новинари кои го зборуваат рускиот јазик“, изјави Ен Хол, пренесува РИА „Новости“.
„Литванија се соочува со руската пропаганда веќе подолго време. Всушност, таа никогаш и не престанала“, додаде дипломатот.
Таа тврди дека, наводно, „софистицираната пропаганда е зголемена по 2014 година. Таа е насочена, пред сѐ, кон населението кое го зборува рускиот јазик и може да има разурнувачко влијание врз целото општество“.
Од своја страна, Јовановиќ наведе дека САД „создаваат можност унијата на новинари самата да може да ѝ се спротивстави на руската пропаганда“. Таа изјави дека постојат „низа програми“, но не изнесе никакви детали.
Прашање за „руската пропаганда“ во Украина беше упатено и до поранешниот претставник на САД во таа земја Џефри Пает, чија кандидатура за местото амбасадор во Грција се разгледуваше во исто време. Тој тврди дека „Русија ги користи информациите како дел од својата воена кампања против Украина“.
Претходно помошничката на државниот секретар на САД Викторија Нуланд соопшти дека американската влада издвојува околу сто милиони долари за „борба против руската пропаганда“. Таа тогаш се пожали дека Вашингтон нема доволно ресурси за таа намена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче