Медиум:Ако Русија ги нападне балтичките земји НАТО нема да може да ги спаси

Русија би можела да ги освои балтичките земји побрзо отколку што војската на НАТО би стигнала таму, изјави командантот на копнените сили на САД во Европа Бен Хоџис за германскиот неделник „Цајт“.

Русија би можела да ги освои балтичките земји побрзо отколку што ние би стигнале таму за да ги одбраниме, изјави Бен Хоџис.

Хоџис смета дека процените на бројни аналитичари според кои на руската војска хипотетички би ѝ требале меѓу 36 и 60 часа за да ги заземе главните градови на балтичките земји, пишува „Цајт“.

Освен тоа, генералот изјави дека во текот на маневрите „Анаконда“ во Полска е идентификуван недостаток на координација меѓу членките на Алијансата при префрлувањето на тешката техника од истокот на западот на Европа.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња