Медиум: Русија ќе ги објави податоците за воените сателити на САД

Русија планира да го направи со отворен пристап својот каталог на објекти кои се наоѓаат во земјината орбита.

Членот на руската делегација на 59 сесија на Комитетот на ОН за користење на вселенскиот простор за мирољубиви цели Виктор Шилин изјави за весникот „Известија“ дека Русија планира да го направи со отворен пристап својот каталог на објекти кои се наоѓаат во земјината орбита.

Рускиот сервис ќе биде ист како директориумот на NORAD на САД, но во него ќе се најдат не само цивилните сателити и вселенскиот отпад, туку и информацијата која ја нема во податоците со отворен пристап на командата на вселенската одбрана на САД USSPACECOM. Заедно со објектите за воени намени NORAD ги класифицира како тајни податоците за одбранбените сателити на сојузниците - Франција, Германија, Израел и Јапонија. Во исто време, руските воени сателити се присутни во директориумот.

Москва предлага спојување на националните бази на податоци во еден директориум достапен во било која земја која се занимава со вселенски активности. Овој систем би можел да информира за потенцијално опасни настани како за леталата во вселената, така и за објектите на Земјата, како и да предупредува за можни закани за лансирањето на ракети.

Оваа иницијатива е поддржана во ООН од страна на Кина, САД гласаа против, сакајќи да го зачуваат својот монопол на „регулатор на движењето“ во просторот во близина на Земјата, изјави за весникот друг учесник на состанокот, додавајќи дека американската војска не била воодушевена од идејата за појавата на слободно достапни податоци за нејзините сателити.

„Американците можат да не се грижат за декласификација на орбиталните податоци за своите воени летала - тоа ќе се случи во секој случај“, заклучи Шилин.

Во мај Пентагон ги обвини Русија и Кина за зајакнување на капацитетите за напад на САД во вселената. Особена загриженост кај американската војска предизвикува судбината на сателитите. Тогаш изјавите на Министерството за одбрана на САД експертите ги поврзаа со подготовката на наредниот воен буџет, со кој Пентагон има за цел да ги зголеми расходите за спротивставување на имагинарната закана.

Москва постојано предлага демилитаризација на вселената. Така во април министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров вети дека земјата нема да биде прва која ќе размести оружје во вселената. Министерството за надворешни работи исто така истакна дека распоредувањето нуклеарни сили во вселената може да доведе до неконтролирана трка во вооружување. На крајот на минатата година Русија поднесе соодветна предлог-резолуција до Генералното собрание на ООН каде што документот беше блокиран од САД, пишува „РИА Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња