„Само во „болна“ држава можело да се роди такво нешто: каков е етерот, таков е и говорникот... Ќе лечиме!“, напиша Маркин на својот профил на „Твитер“.
Претходно Маркин од име на Истражниот комитет соопшти дека е поведена кривична истрага против лекарот-анестезиолог Александар Чернов, по потекло од Донбас, кој призна дека убивал доброволци со медикаменти.
„Јас немав можност да им нанесам некаква видлива штета на ранетите „доброволци“. Затоа им нанесував штета со тоа што, грубо кажано, има три хемостатици – јас го користам најлошиот од нив. Втората варијанта – од пет вида конци за шиење, го шиете најевтиниот за кој постои голема веројатност да се отшие додека да се дојде до болницата во „Славјанск“, изјави Чернов, пренесува РТ на руски.
Весникот „Взгљад“ пишува дека, за жал, Чернов не е актер кого го повикале да ја одигра улогата на „убиец во бел мантил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче