Блогер: Заборавено ова значи изгубена војна и предадена Татковина

Андреј Медведев, аналитичар за емисијата „Вести“ на телевизијата „Русија 1“ напиша на својот Фејсбук профил зошто е важно да се зачува споменот за Втората светска војна.

Ова е јули 41-та.  

Едноставно претставете си како било.

Макар за секунда ставете се на местото на мајката. Обидете се. Претставете си. 

Што ѝ зборувала на својата ќерка во тие последни мигови? Ја смирувала? Се извинувала за нешто? Ветувала дека сега сѐ ќе се заврши, дека чичкото се шегува? Зборувала дека ја сака и дека засекогаш ќе ја сака? Плачела? А што е со детето, ќерката? Прашувала зошто чичкото сака да ги убие?

Зад секоја фотографија, зад секој кадар се секогаш реални луѓе. Нивните живот и смрт.
Но овде има повеќе. Овде е болката на земјата. Овде е вистината за нашата војна. Вистината за тоа како дојдовме до Победата. Овде е целосното разбирање на тоа со колкава омраза, со каков пекол се боревме. Во буквална смисла. Затоа што на 22 јуни 1941 година на наша земја не дојдоа луѓе. Олицетворенија на апсолутното зло.

На овој кадар е одговорот на прашањето „на чија страна беше вистината во таа војна“. Еден кадар веднаш демантира сета лага што ја слушавме за нашата војна последниве години. На една фотографија е сета потребна смисла.

Зошто сме против плочата на Манерхајм (на 16 јуни во Санкт Петербург беше поставена спомен-плоча на финскиот генерал Франц Густав Манерхајм, кој во Првата светска војна и Руско-јапонската војна се борел на страната на руската армија, а во Втората светска војна учествувал во блокадата на Ленинград на страната на фашистите – заб. на ред.). Зошто го поддржуваме Донас. Зошто одиме во „Бесмртниот полк“. Зошто Денот на Победата е со солзи во очите дури и кај правнуците на ветераните, кои од нив не ги ни слушнале раскажувањата за војната, не успеале, ами само ги држеле во рацете прадедовските ордени. Зошто се гордееме со знамето над Рајхстагот.

И зошто денот 22 јуни е за нас толку важен, зошто од сето тоа сѐ уште нѐ боли и крвавиме. 

Не знаеме како се викале. Мајката и ќерката. Не знаеме каде се закопани. А и дали се закопани?

Но ги паметиме. А ако ги заборавиме, значи сѐ било попусто.

Значи сите сме ја изгубиле војната. И сме ја предале Татковината. И нема причина воопшто да постоиме“, пишува Медведев на својот Фејсбук профил.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња