Аналитичар: „Кобра” ќе ја проголта американската ПРО како скакулец

На полигон во Казахстан е тестирана ракета која може да ја заштити Русија од напад на НАТО, пишува „Комсомолскаја правда”.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека успешно тестирала противракета со мал дострел на руската противракетна одбрана (називот и техничките карактеристики се чуваат во тајност, иако некои информации сепак протекоа во јавноста), пишува Виктор Баранец за весникот „Комсомолскаја правда”.

Лансирањето се одржа на полигонот Сари-Шаган во Казахстан. Воените претставници не кријат дека целта на тестирањето е „проверка на тактичко-техничките карактеристики на противракетите“. Ова обично се прави на следниов начин: од серија ракети се избира една и се лансира. Терминот „противракета со мал дострел“ веќе ја открива нејзината намена. Таа ќе ги уништува ракетите на непријателот во најблиската околина на Русија.

Не треба да се исклучи можноста овие ракети да се најдат и во Калининградската област, па дури и во Белорусија, смета новинарот. „Ние ќе постапуваме на „американски начин“: ќе ги соборуваме ракетите уште при полетувањето од мали растојанија. Како што сликовито опиша еден од руските конструктори, „тоа ќе изгледа како кобра во лет да фаќа скакулец кој полетува од тревата“, пишува „Комсомолскаја правда“.

Русија повеќепати се обидува да ги убеди САД да не го распоредува системот за противракетна одбрана во Европа, кој би може да му парира на рускиот ракетно-нуклеарен потенцијал и да ја наруши рамнотежата на силите во светот. Американците планираат руски ракети од „Топол“ и „Јарс“ да ги соборуваат веќе при полетувањето. Покрај тоа, нивните ракети од системот за ПРО можат лесно може да се претворат од од дефанзивно во офанзивно оружје. Москва повеќепати му има укажано на Вашингтон дека има ефикасен одговор на оваа закана.

Видеото од тестирањето на ракетата можете да го погледнете овде.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња