Столтенберг ја обвинува Русија за кршење на договорот со НАТО

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг изјави дека зголемувањето на военото присуство на НАТО на источното крило е планирано за спречување можни конфликти.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг смета дека Русија не се придржува до Основниот акт за соработка и безбедност.

„Меѓу другото, основниот акт предвидува определени ограничувања за руското воено присуство. Тоа, меѓутоа, беше значително зголемено“, изјави Столтенберг во интервју за весникот „Зиддојче Цајтунг“.

Според него, „излишно“ зголемување на руското вооружување земјите во НАТО забележале во Калининград, на Крим, во Баренцовото, Балтичкото и Црното море, како и во источниот Медитеран. Подетални информации генералниот секретар на Алијансата не наведе.

Столтенберг исто така изјави дека Русија го прекршила „основниот принцип на актот кој се состои во „почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите држави“.

Генералниот секретар на Алијансата повтори дека зголемувањето на военото присуство на НАТО на источното крило е планирано за спречување можни конфликти. Тој исто така истакна дека распоредувањето на четири илјади војници во балтичките земји и Полска ќе се реализира заедно со други мерки, а не изолирано.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња