Мултимилијардерот Џорџ Сорос изјави дека гледа како Русија се претвора во суперсила додека Европската унија се распаѓа, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Говорејќи во Лондон на настанот организиран од организацијата на Михаил Ходорковски „Отворена Русија“ Сорос истакна дека сегашната состојба на работите во многу е слична со историјата на формирањето и просперитетот на европското надржавно обединување во годините на распадот на Советскиот Сојуз.
Претходно Сорос објави статија во британскиот весник „Гардијан“ во која го предупреди Лондон за можниот „црн петок“ веќе наредниот ден по референдумот, во случај населението да изгласа излегување на Велика Британија од Европската унија. Според неговото мислење, Британците ќе испровоцираат пад на фунтата на ниво на еврото и мнозинството жители на земјата едноставно ќе осиромашат.
На почетокот на јуни Сорос истакна дека остануваат „добри шанси“ ЕУ да се распадне во врска со миграциската криза, континуираните проблеми со Грција и потенцијалното излегување на Велика Британија. „Ако Велика Британија излезе, тоа може да испровоцира општо излегување и распадот на Европската унија ќе стане практично неизбежен“, изјави Сорос, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче