Карин Енстром на безбедносниот форум во Финска изјави дека „нам во Шведска на одреден начин ни е тешко да разбереме зошто финскиот претседател го повика Путин во посета“, пренесува шведскиот весник „Иле“ (Yle).
Саули Ниинисте одговори со забелешката дека поранешната министерка Карин Енстром „малку ја загубила врската со животот“.
„Секаде во светот имав можност да слушнам колку е важно меѓународната заедница да ѝ даде до знаење на Русија дека не постапи правилно, меѓутоа на РФ се гледа како на земја со која одржувањето дијалог е подеднакво важно“, рече финскиот претседател.
Финскиот лидер додаде дека поради односот спрема Русија често слушал критики на своја сметка од балтичките земји, но дека и Швеѓаните имаат таков став, тоа е за него „нешто сосем ново“.
Тој ѝ објасни дека Карен Енстром дека земјите, меѓу кои се и САД, исто така одржуваат односи со Русија. Притоа Москва не презема никакви обиди да влијае на надворешната политика на Финска, нагласи тој.
Во понеделникот шефот на финската дипломатија Тимо Соини по разговорите со Сергеј Лавров соопшти дека Путин ќе го посети финскиот град Наантали на почетокот на јули. Портпаролот на рускиот претседал Дмитриј Песков потврди дека се во тек подготовките за оваа посета, но дека терминот ќе биде објавен подоцна, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче