Де Мистура: За преговори за Сирија потребно е разбирање меѓу Русија и САД

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стафан де Мистура изјави дека е рано за свикување нова средба за меѓусириски преговори.

За свикување на нова рунда преговори за Сирија мора да има разбирање меѓу Русија и САД, изјави специјалниот претставник на ОН за Сирија Стафан де Мистура, пренесува РИА „Новости“.

Говорејќи во текот на неформалната дискусија на Генералното собрание на Обединетите нации за Сирија, де Мистура изјави дека одржувањето на следниот круг преговори е запрено „сѐ додека нема формална гаранции дека двајцата копретседавачи (на Меѓународната група за поддршка на Сирија – РФ  и САД) имаат заедничка почва врз која ние ќе почнеме да работите“.

„Двајцата копретседавачи успеаја да подготват основа за прекин на огнот, кој беше прифатен од сите во регионот, вклучувајќи ги и сириската влада и опозициските сили“, рече де Мистура.

Тој исто така рече дека ќе се врати на прашањето за свикување на следната рунда не порано од јули. „Јас ќе го разгледам ова прашање во јули, не е сега. Затоа што е прерано во тековните дискусии и во сегашната ситуација“, рече тој.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња